Екипата на Кантина составена од Митко Маринковски, Давид Гашоски, Марко Фујковиќ и Христијан Ристов се освојувачи на премиерниот турнир од 3х3 лигата на Македонија. Здружението 3х3Macedonia го организира турнирот, во соработка со Скопје Сити Мол, а учество земаа 14 сениорски екипи од нашата република. Второто место му припадна на тимот на Баду  во состав Виктор Серафимовски, Петар Петровски, Живко Манасиевски и Ивица Глигоровски.

За време на турнирот се одржа и мини-натпревар во тројки, забивање, а посебен настап имаа и неколку женски екипи како и кошаркарите од Специјалната Олимпијада на Македонија.

Резултатите се достапни на следниот ЛИНК.