12.07.2018

Road to Ljubljana Challenger! Охрид; 21. – 22. јули!

Прв FIBA 3x3 Satellite турнир во Македонија!

Во изминатите неколку години ширум светот, 3х3 баскетот зема сè поголем замав кога станува збор за популарноста на овој спорт. Здружението „3x3 Macedonia“  го прифати предизвикот за популаризација на овој спорт и во границите на нашата земја, па во изминатите 365 дена напорно ’работи на случајот’. На територија на Македонија беа одржани неколку FIBA Endorsed турнири, за сениори и за млади, а кон средината на месец јуни започна и премиерната MKD Tour – лига. Лигата ја имаше својата премиера пред речиси еден месец в Скопје, а турнејата продолжува во Охрид...

За девет дена, во центарот на Охрид ќе се одржи вториот планиран турнир оваа година и тоа не каков било турнир туку FIBA Endorsed SATELLITE!

Турнирот ќе биде од меѓународен карактер, а веќе неколку екипи од Европа го пријавија своето учество! Освојувачите на првото место ќе добијат 2.000 евра парична награда како и место (slot) на Challenger-от кој ќе се одржи во Љубљана (17. и 18. август) додека второпласираната екипа ќе освои само парична награда во висина од 1.000 евра.

Ги охрабруваме сите баскетџии кои се ’најсилните шизици во маало’ да се пријават на овој турнир и да ја демонстрираат својата надмоќ на теренот во ’европскиот Ерусалим’.

Времето истекува!

 

 

Охрид; 21. и 22. јули, 2018 година!
FIBA ENDORSED 3X3 SATELLITE

Бидете таму!

Дополнителни информации и пријавување на info@3x3macedonia.mk
Линк до play.fiba настан -> ТУКА!
Линк до play.fiba Ljubljana Challenger -> ТУКА!