17.07.2018

Уште две победи за јуниорите во подготвителниот период

Нашата јуниорска репрезентација запиша уште две победи во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое ќе се одигра во нашата престолнина Скопје.

Репрезентативците нешто повеќе од еден месец ги обавуваат подготовките за настап на првенството, а досега одиграа пет пријателски натпревари. На контото нашите кошаркари додадоа уште две победи откако синоќа ја совладаа соодветната репрезентација на Бугарија со 62-73 односно,16-22, 16-11, 15-22 и 15-19 по делници, а денес одиграа и пријателски натпревар со јуниорите на Лукоил Академик кои ги совладаа со 71-87.