Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на екипи за следење на натпреварите од Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 18 години кое идната седмица ќе започне да се одигрува в Скопје.

Натпреварите ќе бидат одигрувани во СРЦ „Кале“ (голема сала, main gym) каде ќе се одржи и церемонијата за отворање на првенството, големата и малата сала при СЦ „Јане Сандански“ додека последната фаза од првенството ќе се одигра во VIP арената при СЦ „Борис Трајковски“.

Комплетниот распоред може да се погледне на следниот ЛИНК.

Барањата за акредитации треба да се испратат на office@basketball.org.mk и истите ќе можат да се подигнат во просториите на Македонската кошаркарска федерација.