20.07.2018

МКФ закажува прес-конференција

Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција в понеделник (23. јули) со почеток во 10часот и 30минути во конгресната сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Прес-конференцијата е закажана по повод одржување на Европско првенство за кошаркари до 18 години (Б дивизија) в Скопје во периодот од 27. јули до 5. август.

На прес-конференцијата збор ќе земат Градоначалникот на Град Скопје, господинот Петре Шилегов, Спортскиот Директор на МКФ Владимир Темелковски, Селекторот на репрезентацијата до 18 години Панче Милевски, а ќе бидат присутни и сите кошаркари кои се дел од репрезентацијата.