27.07.2018

Исланд - Македонија 60-62

Првенството го отворивме со победа

Македонската јуниорска репрезентација го отвори првенството со победа над соодветната репрезентација на Исланд со 60-62.
Од денеска, во Скопје се одржува Европското првенство за јуниори (дивизија Б), а селекторот Панче Милевски ги предводеше своите избраници до победа.

Натпреварот го отворивме со пониска самодоверба од посакуваното, но реализација не изостана. Поведовме со 0-7, по што следеше мало опуштање во нашиот табор. Предноста нашите противници успеаја да ја стопат, па на полувремето се разделивме со три поени негатива (27-24). Во вториот дел од натпреварот наизменично имавме успони и падови во играта, па конечниот победник се одлучи на неколку секунди пред крајот на натпреварот.

Статистиката од денешниот натпревар, како и снимка од истиот може да се погледне на следниот ЛИНК.