29.07.2018

Шест победи и еден пораз за кадетите во подготвителниот период

Нашата кадетска репрезентација денеска го одигра последниот натпревар во рамки на подготвителниот период во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари под 16 години.

Избраниците на Александар Јованчев против репрезентативците на Црна Гора го запишаа првиот пораз. Со тоа, на нивното конто остануваат шест победи (Косово, Романија, Белгија, Швајцарија, Жарково и против Бугарија) и само еден пораз - од Црна Гора со 66-91.

Следно за нашите кадети е финална фаза од подготовките која ќе започне да се реализира во вторник во Маврово.

Европското првенство за кошаркари до 16 години (дивизија Б) ќе се одигра во Сараево, Босна и Херцеговина и ќе започне на 9. август, а ќе трае до 18. август.