29.07.2018

Пораз за јуниорите од Луксембург

Јуниорите го запишаа вториот пораз во рамки на групната фаза од Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Скопје. 

По драматичниот триумф над Исланд во првиот натпревар следеше пораз од Холандија во вториот натпревар, а денеска нашите репрезентативци до 18 години запишаа пораз од Луксембург.

Натпреварот го отворивме самоуверено, а резултатската позитива растеше во наша полза. Пресвртот нашиот противник го направи во последниот период кога реализацијата не ни појде од рака, а со намалување на концентрацијата порасна и бројот на грешки. Кошаркарите на Луксембург знаеја како да го истористат тоа за да стигнат до нивниот прв триумф на ова првенство со 73-63. Статистиката и снимката од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.

Следи ден пауза за сите репрезентации, а потоа уште два дена за доигрување на натпреварите од групната фаза. На 2. август повторно нема да има натпревари по што ќе следи разигрувањето за пласман.