31.07.2018

Пораз од Израел

Трет пораз во низа денес на нашите репрезентативци до 18 години им нанесе соодветната национална селекција на Израел која беше нашиот четврти противник од групната фаза, од вкупно пет, на Европското првенство (дивизија Б) во машка јуниорска селекција за 2018 година.

Среде Скопје, јуниорите го отворија првенството со победа над Исланд и тоа победа освоена во последните неколку секунди од натпреварот, а потоа следеа порази од Холандија и од Луксембург, а денес последниот во таа низа ни го нанесоа јуниорите на Израел.

Избраниците на Панче Милевски беа самоуверени во играта која ја демонстрираа на паркетот, но само во првите неколку воведни минути. Игравме егал до осмата минута (12-12), а во последните две минути од првиот период не успеавме да реализираме ниту еден напад. Следеше серија од единаесет поени на нашиот противник, кој до крајот на натпреварот ја одржа резултатската позитива во своја корист. До полувремето нашите јуниори наталожија 23 поени негатива која не успеаја да ја анулираат во периодите што следеа. Во финишот, Израел славеше 57-81 со односно 12-20, 6-21, 17-17 и 22-23 по делници.

Целосната статистика како и снимка од натпреварот може да се погледне на следниот ЛИНК.