Репрезентативците до 18 години на Македонија запишаа втора победа во низа во рамки на борбата за пласман на Европското првенство за јуниори (дивизија Б) кое од 27. јули се одржува в Скопје. 

Избраниците на Панче Милевски се пласираа на последното место во групата Ц што значеше борба за опстанок во оваа дивизија односно пласман од 17. до 24. место. Победата над Данска ни донесе борба за палсман од 17. до 20. место и загарантиран опстанок во втората дивизија. Денеска јуниорите го совладаа составо на Азербејџан без нималку проблеми со 50-65, а утре (5. август) ќе си ги одмерат силите против подобриот од Швајцарија и Луксембург (натпревар закажан за во 21:00 часот), со почеток во 15:00 часот во vip арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Целосната статистика од денешниот натпревар, како и снимка од истиот може да се погледне на следниот линк.