05.08.2018

Промоција за Холандија и за Словенија во А дивизија

јуниорите го освоија 18. место

Македонската репрезентација до 18 години во машка конкуренција го освои 18. место во Дивизија Б на Европското првенство кое се одржуваше во Скопје во периодот од 27. јули до 5. август. Промоција во првата дивизија заработија репрезентациите на Холандија и на Словенија кои се надигруваа во финалето (победа на Холандија со 86-57) додека репрезентацијата на Албанија како последнопласирана следната година ќе се надигрува во дивизија Ц.

Ждребот посака да нашите јуниори бидат сместени во групата Ц заедно со Исланд, Израел, Луксембург, Холандија и Чешка. Прв противник во рамки на групната фаза ни беше репрезентацијата на Исланд која ја совладавме во последните секунди од натпреварот. За жал, тоа беше и единствената победа на нашите јуниори во групната фаза (по што следеше разигрување за пласман од 17. до 24. место во дивизијата. Следеа две победи и еден пораз кој не стационира на 18. позиција, две подолу од ланскиот пласман.

 

Сите резултати, статистики како и снимки од натпреварите на нашите репрезентативци на ова првенство можат да се погледнат на следниот ЛИНК.