Градот Охрид ја имаше честа да биде домаќин на првиот 3x3 Satellite турнир во границите на нашата држава. Здружението 3x3 Macedonia ја доби довербата на ФИБА да организира силен меѓународен турнир. Седумнаесет екипи од Балканот се пријавија на овој турнир, осум од Македонија и  тоа Баду, Кантина, Фаворити Ноа, Newbies, Змајеви, Велес Wings, Macedonian Lynxes и Тим 21.

Баскетџиите на XXX Sarajevo успеаја да стигнат до првото место во финалето со 3x3 Kragujevac (20-16). Не само што баскетџиите од босанската престолнина освоија парична награда од 2.000 евра, туку освоија и слот (место) на Challenger турнирот во Словенија, закажан за 17 и 18 август кој ќе се одигра во Љубљана 

Резултатите од турнирот се достапни на следниот ЛИНК.