Репрезентативните кадетки запишаа пораз од Словенија за крај на турнирот за кошаркарки до 16 години кои изминатите три дена се одржува во Скопје.

Избраничките на Стојна Вангеловска не успеаја да го запрат налетот на силните кошаркарки од Словенија кои во финишот славеа со 58-73.

За нашите кадетки ова е трет пораз во последните три натпревари.