Нашите кадетски репрезентативки запишаа втор пораз на вториот натпреварувачки ден од Европското првенство (дивизија б) за кошаркарки до 16 години.

Кошаркарките предводени од Стојна Вангеловска не успеаја да и парираат на силната Грција, која ланската година на првенството одржано в Скопје се пласира на третата позиција.

 

По истекот на четориесет минути на семафорот стоеше резултат 83-41 во корист на нашиот противник.

Следи трет натпревар од групната фаза, против Шведска.

 

Целосната статистика од денешниот натпревар како и снимка од истиот може да се погледне на следниот линк