Третиот натпреварувачки ден на Европското првенство за кошаркарки до 16години (дивизија б) за нашата репрезентација ја донесе Шведска како противник. Избраничките на Стојна Вангеловска не успеаја да запишат триумф и покрај храбрата игра прикажана на теренот во Подгорица каде се одигрува првенството.

 

Кадетките загубија со 62-41.

Следи ден одмор, а потоа натпревар со домаќинот - Црна Гора.

 

Целосната статистика од денешниот натпревар како и снимка од истиот може да се погледне на линкот подолу во написот.

 

http://www.fiba.basketball/europe/u16bwomen/2018/game/1808/Sweden-MKD