20.08.2018

Селекцијата до 14 години се пласира на 10. место на Slovenia Ball

Националната селекција до 14 години се пласира на десеттата позиција на меѓународниот турнир Slovenia Ball кој традиционално се одржа во Словењ Градец, Словенија.

Не сметајќи го кампот кој се одржа во јуни, во рамки на новата генерација од проектот „Заедно до М16“, кошаркарките до 14 години првата прозивка ја одржаа на 26. јули и се подготвуваа нешто помалку од еден месец.

За Словењ Градец оваа генерација замина на 14. август, а натпреварите започнаа два дена подоцна. Нашите кошаркарки дел од оваа селекции разигруваа против соодветните селекции на Хрватска, Израел, Летонија и домаќинот Словенија.

Во рамки на групната фаза, кошаркарките не запишаа победа, а потоа следеа уште два пораза во натпреварите за разигрување.

РЕЗУЛТАТИ
Словенија – МАКЕДОНИЈА 78-21
МАКЕДОНИЈА – Хрватска 22-81
Летонија – МАКЕДОНИЈА 92-28
МАКЕДОНИЈА – Израел 28-78
МАКЕДОНИЈА – Бугарија 30-73
Бугарија – МАКЕДОНИЈА 61-43