27.08.2018

Националната селекција до 14 години (мажи) се пласира на шестото место на Slovenia Ball

Македонската национална селекција до 14 години, во машка конкуренција, го освои шестото место на меѓународниот турнир Slovenia Ball кој се одржуваше во Словењ Градец.

Во рамки на групата А, кошаркарите разигруваа со Хрватска, Русија, Унгарија и со домаќинот Словенија. Со една победа и три пораза се стациониравме на третата позиција, која ни донесе разигрување против соодветната селекција на Украина од групата Б. Украина ја совладавме без нималку проблеми, но загубивме од Црна Гора во борбата за петтото место.

Кошаркарот Теодор Симиќ според својот учинок беше прогласен за најдобар скокач на турнирот, а доби и место во идеалната петорка.

РЕЗУЛТАТИ SLOVENIA BALL 2018
МАКЕДОНИЈА  -  Словенија 56-69
МАКЕДОНИЈА - Хрватска 82-55
МАКЕДОНИЈА - Русија 51-79
МАКЕДОНИЈА - Унгарија 54-66
МАКЕДОНИЈА - Украина 70-66
МАКЕДОНИЈА - Црна Гора 77-83