Третиот 3х3 турнир за сениори за оваа тековна премиерна сезона го назначи и третиот победник. На првиот турнир, во Skopje City Mall триумфира Кантина, во Охрид на Satellite турнирот најуспешни беа баскетџиите на XXX Sarajevo, а изминатиот викенд во Гевгелија баскетџиите на Баду ги собраа сите аплаузи на крајот на турнирот како и вредната парична награда во висина од 1.500 евра. Со 22-16 во финалето против Кантина славеа Виктор Серафимовски, Петар Петровски, Живко Манасиевски и Ивица Глигоровски.

Официјални лица на натпреварот (од лево кон десно): Мартин Петровиќ, Александар Давидов, Андреј Златевски.

Сите резултати од турнирот можат да се погледнат на следниот ЛИНК.

За повеќе информации поврзани со 3х3 турнирите во Македонија кои претстојат на следниот ЛИНК.