Канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација ги потсетува сите клубови кои сакаат да се натпреваруваат следната сезона (2018/2019) во лиги во младинска и во сениорска конкуренција дека роковите за пријавување на екипи се следните:

Согласно член 23.1.3 од Регистрацискиот правилник на МКФ, рок за пријавување екипа во сениорските категории (Прва лига мажи, Втора лига мажи, Прва лига жени) е најдоцна до 1. септември 2018 годинa.

Согласно член 23.2. и член 23.3. од Регистрацискиот правилник на МКФ и одлуката од Управниот одбор на МКФ, рок за пријавување екипа, во сите младински категории е најдоцна до 15. август 2018 година.

Согласно член 23.2 и член 23.3 од Регистрацискиот правилник на МКФ и одлуката од Управниот одбор на МКФ, краен рок за пријава на играчи со комплетна документација во младинските лиги е 1. септември 2018 години.

Дополна или промена во листата на играчи, со приложена комплетна докуменатација, во сите младински категории може да се изврши најдоцна до 48 часа пред почеток на првиот натпревар во содветното натпреварување, но само за најмногу 3(три) играчи.

Целосната информација за преодниот рок во сите лиги за претстојната сезона 2018/2019 е достапен на насловната страна на веб-страницата на МКФ како и на следниот ЛИНК.