03.09.2018

селекциите дел од проектот „Заедно до М16“ продолжуваат со активности

Список на повикани кошаркари и кошаркарки за камп во Бугарија

Националните селекции до 14 години во јуни тековната календарска година го одржаа првиот камп во рамки на новата генерација која ќе биде дел од проектот „Заедно до М16“, овој пат и во женска конкуренција.

Двете селекции претстојниот викенд ќе заминат на првиот меѓународен камп - во Бугарија. Селекторите Жаклина Стојановска односно Благоја Кечовски ги изготвија списоците на повикани кошаркарки односно кошаркари.

Девојките првиот тренинг ќе го одржат во спортската сала при ОУ Невена Георгиева - Дуња во вторник (4. септември) со почеток во 16:00 часот додека момците првиот тренинг ќе го одржат во малата сала на „Кале“ со почеток во 15:30, во вторник (4. септември).

Заминувањето за Бугарија е на 6. септември (четврток) пред малата сала на Кале во 17:30.
НАПОМЕНА
Сите повикани кошаркари и кошаркарки задолжително со себе да ја понесат опремата која им беше дадена за време на кампот во Маврово.

 

СПИСОК ДЕВОЈКИ ДО 14 ГОДИНИ
1.Дева Глигорова 
2. Елијана Граматикова 
3. Ана Ангеловска 
4. Ксенија Петревска 
5. Михаела Алексовска 
6. Мила Вељаноска 
7. Катерина Бицеска 
8. Лиле Миткова 
9. Ивана Велковиќ 
10. Кристина Ставревска 
11. Тамара Гилева 
12. Елена Ангеловска


СПИСОК МОМЦИ ДО 14 ГОДИНИ
1. Петар Бошалевски
2. Теодор Гудев
3. Лука Џинес
4. Ненад Благоевски
5. Стефан Дуковски 
6. Виктор Стојковски
7. Петар Башовски
8. Марко Трифуновски
9. Мартин Оровчанец
10. Бојан Стојановски
11. Мартин Ѓорѓиовски 
12. Ѓорѓи Ташев