10.09.2018

Селекциите до 14 години го одработија првиот меѓународен камп

Селекциите до 14 години го одработија првиот меѓународен камп

Националните селекции до 14 години во машка и во женска конкуренција кои се дел од новата генерација на проектот „Заедно до М16“ синоќа завршија со првиот меѓународен камп, кој се одржа во Бугарија.

Двете селекции во јуни го одржаа првиот камп, во Маврово, а потоа работeа и настапија на Slovenia Ball. 

Кошаркарите и кошаркарките разигруваа со Турција, Романија, Косово и со Бугарија.

Девојките запишаа една победа, момците две.

РЕЗУЛТАТИ МЕЃУНАРОДЕН КАМП БУГАРИЈА 2018
Девојки
МАКЕДОНИЈА - Турција 38-52
МАКЕДОНИЈА - Романија 45-53
МАКЕДОНИЈА - Косово 55-26
МАКЕДОНИЈА - Бугарија 30-73

Момци
МАКЕДОНИЈА - Турција 51-104
МАКЕДОНИЈА - Романија 61-57
МАКЕДОНИЈА - Косово 77-64
МАКЕДОНИЈА - Бугарија 72-55

Жаклина Стојановска, селектор селекција до 14 години (девојки)
- И покрај тоа што селекцијата има измени во состанов поради отсуство на Нина Зафирова и Тамара Гилева кои својата кариера ја продолжуваат во Италија, селекцијата М14 го даде својот максимум со моменталниот состав. Не чека макотрпна работа за подобрување на психофизичка подготвеност како и техничко-тактички сегменти. Задоволна сум од поединци кои и покрај натпреварувачко неискуство влегуваа од натпревар во натпревар многу фокусирани на играта и го даваа својот максимум. Се надевам на следниот турнир во Романија ќе прикажеме подобра игра и ќе имаме повеќе остварени победи.

 

Благоја Кечовски, селектор селекција до 14 години (момчиња)
- После турнирот во СЛовенија изротиравме пет играчи да им дадеме шанса да бидат вклучени во овој проект. Турнирот во Софија го игравме без нашиот најдобар играч и воедно капитен Теодор Симиќ кој мораше да замине во Барселона и искрено се надевам дека за следните турнири ќе можеме да сметаме на него. Делумно сум задоволен од прикажаната игра и пристапот на играчите останува за следниот турнир да ги корегираме сите недостатоци и квалитетот на играта да го подигнеме на уште повисоко ниво.