27.02.2017

Управниот одбор при МКФ закажува редовна седница

В четврток (2. март 2017 година) со почеток во 17:00 часот во просториите на Македонската кошаркарска федерација ќе се одржи редовна седница на Управниот одбор при МКФ.

Седницата ќе биде од затворен карактер поради расправа околу финансиите. Сите информации околу расправите на редовната седница ќе ги добиете преку соопштение во најкус можен рок.