14.09.2018

Билетите за Македонија - Романија пуштени во продажба

Нашите сениори претстојната недела (16. септември) ќе го одиграат вториот натпревар во рамки на втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021. На домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија. Натпреварот ќе започне во 18 часот и 15 минути, а ќе се одигра во vip арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Влезниците за овој натпревар се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари во продажната места на МК ТИКЕТС, како и онлајн на следниот ЛИНК. Билети ќе можат да се купат и на билетарата при СЦ „Борис Трајковски“ в недела од 14:00 часот.

Се надеваме дека сите љубители на спортот со портокаловата топка навреме ќе ги набават своите влезници и ќе ја бодрат нашата репрезентација од трибините!