03.10.2018

Заклучоци од редовна седница на УО одржана на 2. октомври, 2018 година

Управниот одбор при Македонската кошаркарска федерација синоќа во 17:00 часот во просториите на хотелот „Елса“ одржа редовна седница со неколку точки на дневниот ред и ги донесе следните заклучоци:

1. Одлуката на Здружението на Сениорски Лиги со која се предлага екипата на КК Шкупи во сезоната 2018/2019 да се натпреварува во Првата лига мажи е усвоена со дванаесет гласа ЗА и еден глас ВОЗДРЖАН.

2. Земајќи предвид фактот дека во моментот во Република Македонија има само пет спортски сали кои целосно ги исполнуваат условите за одигрување на кошаркарски натпревари се донесе одлука со која салите ќе бдат поделени во две категории и дека ќе се даде последен рок за решавање на недостатоците.

     1 категорија – сали во кои се одигруваат натпревари од Првата лига мажи; и
     2 категорија – сали во кои се одигруваат натпревари од Прва лига жени, Втора лига мажи и сите младински лиги.

До сите клубови да се достават условите кои мора да бидат исполнети веднаш по почнување на лигите, услови кои треба да се исполнат во рок од шест месеци и во рок од 24 месеци. Доколку не се исполнат условите, клубот треба да пријави резервна спортска сала.

Доколку клубот-домаќин не ги исполни овие услови, а екипата-гостин има право да не го започне натпреварот. Трошоците за патување ќе бидат на товар на домаќинот кој мора во рок од 24 часа да даде предлог-резервна сала која ги исполнува условите.

КРИТЕРИУМИ

3. Дисциплинската комисија при МКФ на пријава на селекторот Никола Василев против играчот Ненад Димитријевиќ донесе одлука за шестмесечна суспензија. МКФ ќе ја информира ФИБА за суспензијата.

4. МКФ да поднесе барање до Агенцијата за млади и спорт и до Министерството за внатрешни работи со кое ќе се повлечат пасошите на странските играчи издадени во изминатиот период односно смао на оние кои не сакале да настапат за репрезентацијата или пак не одиграле според очекувањата.

Одлука:
Да се започне постапка за повлекување на државјанста преку АМС на следните играчи кои не ги задоволиле потребите и барањата на македонската кошарка. Да се поведе постапка пред надлежните институции и АМС за одземање односно да им престане државјанството на следните играчи:
- Darius Myron Washington
- Kenedy Lawrence Stowall Winston
- Kevin Busacca Fletcher
- Ashley Paris
- Theodore Jordan

5. Пред речиси две седмици ФИБА ја информира Македонската кошаркарска федерација дека е отворена апликацијата за организација на Светското првенство за кошаркари до 17 години кое според распоредот на ФИБА треба да се одигра во 2020 година. Да се разгледаат опциите за пријавување. Рокот за пријавување е среда, 14. ноември.

Одговор на АМС и МВР за точка 4.