22.10.2018

Потсетување до сите клубови и официјални лица

Согласно Пропозициите за натпреварување за сезона 2018/19 во Сениорски лиги, Ве потсетуваме за начинот на Регистрацијата на играчите и правото на настап:

Член 13. Регистрирање на играчи, право на настап

13.1. На сите натпревари може да настапуваат само играчи кои имаат натпреварувачки картон – лиценца, издадена и заверена од страна на Регистрациската комисија на МКФ, како и Листа на одобрени играчи од Регистрациската комисија на МКФ, под услов играчот да не е под суспензија или изречена казна. Ако играчот на денот на настап е помлад од 16 (2004 и помлади) и постар од 45 години (1973 и постари), за неговата способност за настап е потребна посебна здравствена дозвола.

За играчите 2004 и помлади – медицинска потврда, способен за настап во сениорска лига.

За играчите 1973 и постари – медицинска потврда, способен за настап во сениорска лига

Важно:

Секоја екипа мора 48 часа пред натпреварот да најави во МКФ, кој играч од наведените групи ќе настапува и за истиот да ја достави потребната Медицинска потврда (во оригинал).

Копија од медицинската потврда ќе мора да приложи на делегатот на натпреварот.

Доколку не се применува оваа одредба од Пропозициите, Комесарот за натпреварување ќе спроведе соодветни санкции спрема клубот и официјалните лица на натпреварот, согласно актите на МКФ.