26.10.2018

Поширок список на кошаркарки повикани за сениорска репрезентација

Селекторот на сениорската женска репрезентација, Марјан Лазовски, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во натпреварите од квалификациите за Европското првенство.

Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.

На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе ја нагостиме селекцијата на Шведска додека на 21. ноември ќе го затвориме овој циклус на гости кај хрватската репрезентација.

Првиот собир сениорките ќе го одржат на 12. ноември (понеделник) во малата сала  при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20:00 часот.

 

  1. Анџелика Митрашиновиќ
  2. Ивона Пејковска
  3. Ана Тантуровска
  4. Александра Стојановска
  5. Софија Лазареска
  6. Нена Трајчевска
  7. Ивана Кметовска
  8. Матеа Николиќ
  9. Јована Петрушевска
  10. Ивона Кожобашиовска
  11. Тијана Митрева
  12. Јелена Антиќ
  13. Цветанка Димова
  14. Сања Адамовска
  15. Габриела Модева
  16. Анамарија Шеќероска
  17. Теона Поп-Стојанова
  18. Илина Селцова
  19. Едина Муса
  20. Марија Димитријевиќ
  21. Ива Крстевска
  22. Сара Анастасиеска
  23. Криси Гивенс
  24. Дјуана Бонер