Македонската кошаркарска федерација доби покана од Романската кошаркарска федерација за пријавување на две репрезентации (родени 2003 година и помали) за учество во меѓународниот турнир Балканијада, во последно време насловен како „Balkan Next Star“.

Репрезентациите до 16 години, во машка и во женска конкуренција, ќе земат учество на пријателски турнир кој ќе се одржи во Клуж- Напока, Романија. Меѓународниот турнир ќе започне на 12. декември, а ќе заврши на 16. декември.

Во машка конкуренција нашите кадетски репрезентативци ќе се надигруваат со соодветните национални состави на Црна Гора, Бугарија, Унгарија и домаќинот Романија. Во женска конкуренција пак, нашите кадетки ќе разигруваат против Бугарија, Унгарија и Романија.