20.11.2018

МАКЕДОНИЈА - Косово; 2.12.2018

Список на кошаркари повикани за сениорска репрезентација

Селекторот на репрезентацијата во машка сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, излезе со скратен список на кошаркари повикани за репрезентативните активности кои претстојат кон крајот на тековниот месец ноември.

Сениорите, кои веќе имаат две победи од два одиграни натпревари во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021, ќе го одиграат третиот натпревар во рамки на вториот прозорец, против Косово на 2. декември во Гевгелија.

Сениорите ќе одржат собир в Скопје (28. ноември, 20:00, СЦЈС мала сала), а по два дена тренинзи во главниот град ќе заминат за Гевгелија каде ќе продолжат со активности до одигрување на натпреварот.

Членовите на репрезентацијата како и спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, ќе одржат неформална средба со претставниците на медиумите пред почетокот на собирот (19:15 до 19:45).

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски
  2. Дамјан Стојановски
  3. Александар Костоски
  4. Дарко Соколов
  5. Адем Мекиќ
  6. Бобан Стајиќ
  7. Андреј Магдевски
  8. Димитар Караџовски
  9. Марко Симоновски
  10. Стојан Ѓуроски
  11. Бојан Трајковски
  12. Љубомир Младеновски
  13. Бојан Крстевски
  14. Андреј Маслинко
  15. Шејн Витингтон