28.11.2018

МКФ ќе организира превоз за претставниците на медиумите до Гевгелија

Македонската кошаркарска федерација ќе организира превоз на претставниците на медиумите акредитирани за циклусот претквалификации за Евробаскет до Гевгелија каде нашата сениорска репрезентација ќе го одигра третиот натпревар од втората рунда против Косово.

Се замолуваат претставниците на медиумите да го потврдат своето присуство на office@basketball.org.mk најдоцна до 12:00 часот (пладне) во петок (30. ноември).

НАПОМЕНА
Акредитациите за медиумите издадени во септември важат и за овој натпревар и претставниците на медиумите задолжително треба да ги понесат со себе.