29.11.2018

Репрезентациите до 18 години на пријателски турнир во Романија

Јуниорските селекции во машка и во женска конкуренција претстојниот декември ќе земат учество на пријателски турнир што ќе се одржи во Романија.

Неколку дена откако репрезентациите до 16 години (машки и женски) и двете репрезентации од проектот „Заедно до М16“ ќе се вратат од Романија, репрезентациите до 18 години ќе заминат за романската престолнина Букурешт. Натпреварите ќе започнат да се одигруваат на 19. декември, а турнирот ќе заврши на 21. декември.

Покрај нашите репрезентации и на домаќинот-организатор на овој турнир Романија, своето учество го пријавија Бугарија и Турција.