11.12.2018

Список на кошаркарки повикани за јуниорска репрезентација

Кошаркарките до 18 години кон крајот на тековниот месец ќе заминат за романската престолнина Букурешт на пријателски меѓународен турнир каде покрај со домаќинот ќе се надигруваат и со соодветните селекции на Бугарија и на Турција.

Репрезентативките кои се ослободени од клупските активности за овој турнир ќе го одржат првиот тренинг в недела (16. декември) во спортската сала „Независна Македонија“ при ОУ „Невена Георгиева - Дуња“ со почеток во 16:00 часот.

  1. Матеа Атанасовска
  2. Елена Тасевска
  3. Илина Селцова
  4. Албина Плакај
  5. Катерина Поп Димитровска
  6. Наталија Секуловска
  7. Сара Максимовска
  8. Стефани Колева
  9. Бојана Попова
  10. Моника Зафировска
  11. Сандра Раневска
  12. Фросина Петреска
  13. Божица Стојаноска
  14. Стефанија Дукоска
  15. Марија Устијаноска
  16. Ружица Чочороска