Националните селекции до 14 години претстојниот декември ќе земат учество на вториот меѓународен турнир во рамки на развојниот проект, поздравен од ФИБА, насловен како „Заедно до М16“. Селекторите Жаклина Стојановска односно Благоја Кечовски ќе тренираат со своите кошаркарки односно кошаркари в Скопје неколку дена, а потоа ќе заминат за Романија каде ќе разигруваат со соодветните селекции на Косово, Турција, Бугарија како и домаќинот Романија.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Кале“ (мала сала), а списокот на повикани кошаркарки и кошаркари може да се погледне на следниот ЛИНК.

Жени
15.12.2018   10:00-11:30   19:00-20:30
16.12.2018   09:00-10:30   17:00-18:30
17.12.2018   14:00-15:30

Мажи
15.12.2018   11:30-13:00   20:30-22:00
16.12.2018   10:30-12:30   18:30-20:00
17.12.2018   15:30-17:00