18.12.2018

Листа на добитници на признанијата за најдобри во кошарката за 2018 година

Кошаркарските работници ширум Македонија ги дадоа своите предлози за најдобрите во спортот со портокаловата топка за 2018 година.

Признанијата ќе им бидат доделени на наградените на свеченоста во организација на МКФ в понеделник (24. декември) со почеток во 20:00 часот во просториите на Сквер 21 (поранешно кино Вардар).
 

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски
Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година
Анџелика Митрашиновиќ
Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Бадел 1862
Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009
Најуспешна млада репрезентативна екипа
М16 мажи
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев
Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски
Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски
Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски
Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова
Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски