Центарот за едукација на тренери при МКФ изминатите два дена го спроведе вториот дел од едукацијата за тренери од вкупно три планирани. Два дена, во конгресната сала како и во малата спортска сала при Спортскиот центар Борис Трајковски, тренерите пријавени за едукацијата слушаа предавања на Ленче Алексовска-Величковска, Горан Крстевски, Ацо Тодоров, Александар Петровиќ, Драган Василов, Милан Наумовски, Слободан Николиќ и Ванчо Поп-Петревски.