Македонската кошаркарска федерација се пријави за организација на Светското првенство за кошаркари до 17 години кое според календарот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ќе се одигра идната календарска година.

По повод прифатената апликација за организатор на ова првенство, изминатиот викенд во Скопје претставник од ФИБА, Жил Тоноли, заедно со Генералниот Секретар на МКФ Моника Гаврилоска, направи инспекција на спортските комплекси во кои би се одигрувале натпреварите од ова првенство како и капацитетите за сместување кои би се користеле за репрезентациите-учесници.

Жил Тоноли од Скопје замина со позитивни впечатоци од макдонската престолнина која е сериозен кандидат за организација на првенство од светски рамки.