Денеска, во просториите на Македонската кошаркарска федерација, Комисијата на спортисти на Македонскиот Олимписки Комитет оствари средба со Асоцијацијата на кошаркарски играчи.

Генералниот Секретар на МКФ, Моника Гаврилоска како претставник на МКФ и член на Комисијата за спортисти при МОК, заедно со Претседателот на асоцијацијата на играчи, Миливоје Трифуновски, разговараа со дел од Комисијата – Стојан Поповски (Претседател), Нина Балабан (стрелаштво) и со Мартин Несторовски (карате) за понатамошните активности и соработка помеѓу двете страни – Комисијата и претставниците на кошаркарскиот спорт. Двете заинтересирани страни ќе работат во насока на заштита на правата и на интересите на спортистите како соодветно советодавно тело кое ќе асистира и во комуникацијата помеѓу спортистите со соодветните национални спортски федерации.

Оваа средба е прва од ваков тип која претставува своевиден вовед во активностите предвидени за непосредна иднина со кои ќе се приближи односот помеѓу спортистите и спортските федерации.