02.03.2017

МКФ ги назначи селекторите на сите младински селекции

Управниот одбор на предлог на Стручниот совет при Македонската кошаркарска федерација ги назначи селекторите за сите возрасни категории, во машка и во женска конкуренција откако сите селектори кои претходно ја вршеа оваа функција беа разрешени.

Најмладите кошаркари, родени 2003 година (М14) оваа година ќе учествуваат на меѓународен турнир во периодот од 24. до 27. август во Словењ Градец, Словенија. Стручниот штаб кој ќе ги предводи младите кошаркари ќе биде во состав:
Селектор: Денис Дервишевиќ
Тренер: Марјан Ѓуров
Ментор: Благоја Кечовски

Кошаркарите родени 2001/2002 година (М16) кои оваа година во период од 10. до 19. август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија, Бугарија, ќе бидат предводени од:
Селектор: Горан Ѓеоргиевски
Тренер: Никола Божиновски
Ментор: Горан Даниловски

Нивните врснички кои оваа година пред домашна публика од 17. до 26 август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) ќе добиваат совети покрај аут-линијата од:
Селектор: Стојна Вангеловска
Тренер: Енвер Мифтари
Тренер: Златко Мокров

Кошаркарите генерација 1999/2000 (М18) оваа година ќе бидат дел од Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во периодот од 28. јули до 6. август во Талин, Естонија ќе бидат предводени од стручниот штаб во состав:
Селектор: Ѓорѓи Кочов
Тренер: Атанас Димов
Ментор: Бранко Андриевски

Кошаркарките родени 1999/2000 година (М18) ќе се натпреваруваат на континенталното првенство во Даблин, Ирска во периодот од 4. до 13. август, а ќе ги водат:
Селектор: Анета Глигорова
Тренер: Јордан Цветановски

Репрезентативните кошаркари до 20 години ќе земат учество на Европското првенство (Дивизија Б) што од 14. до 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија ќе бидат водени од:
Селектор: Мирко Петрески
Тренер: Драган Миленковиќ

 

*Сите континентални првенства ќе се одиграат во тековната календарска година (2017).