Македонската кошаркарска федерација ја продлабочува соработката со No Limit Supplements. Фирмата која во изминатите две календарски години е неизоставен дел од подготовките на националните тимови на Македонија ќе ги награди најкорисните играчи на секое коло во рамки на Супер лигата и Плејофот во машка сениорска конкуренција.

Супер лигата е предвидено да започне претстојниот викенд (6.-7. април) и ќе трае до 18. мај, а по десетте одиграни кола, првопласираните четири клубови ќе се надигруваат во рамки на Плејофот (полуфинале и финале) кој ќе го одлучи државниот шампион за сезоната 2018/2019.

Најкорисниот играч на колото, според индекс поените за ефективност, ќе добие вредносен ваучер од 3.000 денари кои ќе може да ги искористи најдоцна до 1. јули 2019 година.

No Limit Supplements е специјализирана продавница за суплементи, спортска опрема и додатоци во исхрана.

Продажни места:
Скопје – City Mall, Т.Ц. Бисер
Тетово – Palma Mall

 

Напомена
Вредносниот ваучер се подигнува од канцеларијата на МКФ, а може да се искористи во кое било од продажните места на No Limit Supplements.