Нашата јуниорска репрезентација во машка конкуренција вечерва замина за Босна и Херцеговина каде во главниот град ќе земе учество на меѓународен пријателски турнир. На дванаесеттото издание на овој турнир, покрај нашата јуниорска репрезентација ќе земат учество и соодветните национални тимови до 18 години на Црна Гора, на домаќинот Босна и Херцеговина како и на Кантон Сараево.

Избраниците на Михаил Наумовски ќе го започнат настапот на овој турнир против репрезентацијата на домаќинот Босна и Херцеговина, в петок (5. април) со почеток во 20:30. В сабота ќе си ги одмериме силите против селекцијата на Црна Гора (18:00 часот), а в недела напладне ќе се надигруваме против Кантон Сараево.