Нашите кадетски репрезентативци завршија со настапот на пријателскиот меѓународен турнир кој викендов се одржуваше во Зрењанин, Србија.

Избраните кошаркари за овој турнир на селекторот Денис Дервишевиќ запишаа една победа и два пораза против соодветните селекции на Црна Гора односно Србија и Израел.

Турнирот, нашите репрезентативци, го отворија со пораз од домаќинот и организаторот на овој турнир Србија со 66-89. Следниот ден запишаа триумф над кошаркарите од Црна Гора со 69-81, а денеска беа совладани од врсниците од Израел со 79-71.

Снимки од натпреварите можат да се погледнат на следните линкови:
МАКЕДОНИЈА - Србија 66-89
Црна Гора - МАКЕДОНИЈА 69-81
Израел - МАКЕДОНИЈА 79-71

СТАТИСТИКА