09.04.2019

.

Соопштение до јавноста

Во врска со наводите од страна на клубовите Чаир 2030 и Тетекс ТТК:

Натпреварот помеѓу тимовите на Чаир 2030 и Тетекс ТТК во рамки на дваесет и второто коло од Втората лига (Запад) во машка сениорска конкуренција беше пријавен како натпревар од висок ризик од канцеларијата на Здружението на Сениорски лиги при МКФ.
Согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, Министерството за внатрешни работи прави проценка кои безбедносни мерки треба да преземени превентивно.
Во конкретниот случај службите на МВР процениле дека гостинската екипа на овој натпревар, екипата на КК Тетекс ТТК, треба да има полициска придружба за време на влегување и излегување од спортската сала во која ќе се одигра натпреварот.
Според делегатскиот извештај, натпреварот поминал  во смирена атмосфера се до последната четвртина кога на теренот е фрлен тврд предмет (полна лименка од кока кола) кон играч на екипата на КК Тетекс ТТК, но предметот не повредил никого. Забележано е и неспортско навивање од страна на навивачите на домашната екипа КК Чаир 2030, но не со националистички карактер или провокации. По завршување на натпреварот гостинската екипа безбедно ја напуштила спортската сала што е потврдено и во разговор помеѓу делегатот на натпреварот и тренерот на гостинската екипа.
За санкционираните учесници на натпреварот ќе бидат изречени казни од Комесарот за натпреварување согласно Пропозициите за натпреварување на сениорски лиги.