12.04.2019

Гостиварци против Блокотехна во полуфиналето на Купот

Блокотехна и Гостивар ќе се пресметаат во вториот полуфинален дуел во рамки на државниот Куп 2019 откако кошаркарите предводени од Марјан Србиновски запишаа триумф над противниците од Фени Индустри во последното четвртфинале на денешната програма. Гостиварци беа во резултатска позитива речиси целиот натпревар, што креира олеснителна околност за поголема самодоверба во играта и стабилно одржување на позитивата до крајот

Во финишот, Гостивар славеше со конечни 88-81 односно 23-14, 21-18, 20-21 и 24-28 по делници. 

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.

Натпреварот помеѓу Блокотехна и Гостивар е закажано за в сабота (13. април) со почеток во 17:30. Преносот ќе биде обезбеден од страна на МРТ.