13.04.2019

Бадел 1862 си закажа уште едно КУП финале

Кошаркарките на Бадел 1862 ќе учествуваат уште едно финале во државниот Куп откако во рамки на полуфиналето ги совладаа кошаркарките на Струга 2009 со 59-40 односно 19-13, 9-8, 16-10 и 15-9 по делници. 

Младите избранички на Владо Ѓоровиќ одиграа изедначено во првиот дел од натпреварот, но пресуди подготвеноста и искуството на баделки.

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.

Финалето во женска конкуренција е закажано за утре (недела, 14. април) со почеток во 17:30 и пренос на МРТ.