13.04.2019

Вардарки во финалето на Купот против Бадел 1862

Кошаркарките на Вардар одново ќе се сретнат против ривалот Бадел 1862 во рамки на КУП-финалето закажано за утре (недела, 14. април) откако во полуфиналето славеа над кошаркарките на Работнички со убедливи 73-48 односно 22-8, 23-10, 17-15 и 9-14 по делници.

Вардарки беа доминантни по теренот во текот на целиот натпревар, а резултатската позитива од првиот период им донесе опуштена игра сведена на рутина.

Целосната статистика од натпреварот е достапна на следниот ЛИНК.