Спортската академија упатува јавен повик за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија

Во спортската академија се изучува по скратена гимназиска програма, одобрена од Министерството за образование, по која учениците ќе можат да го продолжат своето високо образование на сите државни и приватни факултети во Република Македонија.

Важно е да се напомене дека тренинзите кои ги имаат секојдневно се работат со врвни тренери кои се актуелни селектори во младинските национални селецкии.

Секој ученик кој доаѓа од друг град има загарантирано место за престој во ученички дом „Здравко Цветковски-Гуц“.

Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

НАПОМЕНА:
Секој кандидат со себе да понесе и да приложи лекарско уверение не постаро од шест месеци!

ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕРМИНИ
Дополнителни термини за селективни тренинзи на ученици и ученички 

7 мај 2019 Гостивар, „Кемал Ататурк“ почеток 11:00
8 мај 2019 Охрид, „Билјанини Извори“ почеток 11:00
9 мај 2019 Кавадарци, „Ѓорче Петров“ (средно училиште) почеток 13:00
10 мај 2019 Куманово, „Перо Наков“ почеток 14:00

Скопје   06 мај 2019 СРЦ Кале – мала сала од 11.00 до 13.00 час;
Повикани ученици-ученички од Крива Паланка, Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Ресен, Охрид, Битола и Прилеп;

Скопје   13 мај 2019 СРЦ Кале – мала сала од 11.00 до 13.00 час;
Повикани ученици-ученички од Штип, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Радовиш, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија;

Скопје   20 мај 2019 СРЦ Кале – мала сала од 11.00 до 13.00 час;
Повикани ученици-ученички кои ќе бидат селектирани од претходните два селективни тренинзи, како и кандидати кои не можеле да бидат присутни на претходните термини.