03.05.2019

Финална серија во Втора лига мажи за сезона 2018/2019

Започнува разигрувањето во Втората лига мажи

Осумнаесет кола одиграа тимовите кои се натпреваруваа во Втората машка лига во регион Исток односно дваесет и две кола одиграа тимовите поделени во регион Запад.

Четирите најдобри тимови од двата региона ќе разигруваат меѓу себе, по F8 систем на натпреварување. Системот на разигрување предвидува да прво рангираниот од едниот регион разигрува со последно рангираниот од другиот регион додека второ рангираните тимови од едниот регион ќе разигруваат со трето рангираните од другиот регион.

Натпреварите ќе се играат ’подобар од два натпревара’ дома-гости, секоја среда и сабота. Првото коло односно првото четвртфинале е закажано за претстојниот викенд.

Во регионот Исток најдобри четири тима се Академија ФМП, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и ТФТ додека во регионот Запад тоа се Ангели Чаир 2030, Црн Дрим и Тетекс ТТК.

Во рамки на првото четвртфинале ќе се пресметаат Тетекс ТТК и Академија ФМП (4. мај; 18:00), ТФТ и Ангели (8. мај; 20:00), Црн Дрим и МЗТ Скопје Аеродром (5. мај; 15:30) и Карпош Соколи против Чаир 2030 (6. мај; 16:00).

Македонската кошаркарска федерација им посакува успешна и фер-плеј игра на сите учесници!Финална серија во Втора лига мажи за сезона 2018/2019.

Втора лига ИСТОК 2018/2019

Втора лига ЗАПАД