06.05.2019

Сениорките започнаа со тренинзи

Женската сениорска репрезентација започна со тренинзи во пресрет на пријателските натпревари кои ќе ги одигра против соодветната национална селеција на Србија.

Македонската кошаркарска федерација ја прифати поканата на кошаркарскиот сојуз на Србија за пријателски двомеч кој е предвидено да се одигра во малата спортска сала на Визура во Земун.

За Србија сениорките ќе отпатуваат в среда, а натпреварите ќе се одиграат во четврток и во петок.