Со досега највисоки 40 индекс поени на ефикасност (тековната Супер Лига), Игор Кесар заслужено го доби признанието за најкорисен играч на 5. коло од Супер лигата. Кошаркаркот на Кожув помина нешто повеќе од 32 минути на паркетот за време на натпреварот против Гостивар, а за тоа време запиша дабл-дабл ефект од 35 поена и 10 скока.
Во натпреварот против Гостивар, неговиот Кожув загуби со 84-72.

Во останатите натпревари од ова петто коло, Блокотехна славеше кај Куманово со 65-80 додека МЗТ Скопје Аеродром славеше против Работнички во градското дерби со 85-63.

Во рамки на Плејаут лигата, Вардар го совлада Шкупи со 86-69, Фени Индустри триумфално мина кај АВ Охрид со 55-79.

Шестото коло од Супер и од Плејаут лигата е предвидено да се одигра претстојната среда.