08.05.2019

Сениорките го одработија првиот тренинг во Србија

Нашите сениорски репрезентативки попладнево пристигнаа во Земун, Србија каде во наредние два дена ќе разигруваат против соодветната национална селекција на Србија. Марјан Лазовски и неговите единаесет избранички (Александра Стојановска ќе се придружи по тренингот поради клупски обврски) го истестираа теренот во спортската сала на академија Визура каде ќе се одиграат натпреварите во четврток и во петок.

Сениорките претстојното лето нема да земат учество на континенталниот собир, но ќе разигруваат во евроквалификациите закажaни за месец ноември.