За првпат досега Македонската кошаркарска федерација тековната седмица ќе организира клиника за судии на која покрај судии од Македонија учество ќе земат и меѓународни судии.

Судиите ќе слушаат предавања од меѓународни ФИБА инструктори како и на претставници од одделот на судии при ФИБА, а ќе ја делат правдата и на неколку натпревари во рамки на домашното првенство од Првата лига жени, Втората лига мажи и натпревари од завршниот турнир во јуниорската машка конкуренција (кошаркари до 18 години).

Од Македонија учество ќе земат Бисера Јакова, Петар Петровски и Христијан Тасевски. Останатите учесници се Стефан Стефанов (Бугарија), Роко Хордов (Хрватска), Тони Антон Реиќ (Хрватска), Јасмина Морено Алкараз (Шпанија), Лауре Коанус (Франција), Висар Буњаку (Косово) и Јевгениј Нагорњи од Украина.